Valdera Live – Halloween concert во Public Room

Сподели:

На 31 октомври, младиот македонски поп-рок пејач со препознатлив енергичен вокал – ВЛАТКО ВАЛДЕРА со солистички концерт во Public Room, на 31 октомври! VALDERA во уникатна Halloween атмосфера! Бенд во живо + 2 придружни вокали, *Halloween – костимите се добредојдени!

Публиката ја очекува музичко-сценски спектакл со бенд во живо, две придружни вокалистки и избор од најпознатите песни на VALDERA, како и нови музички изданија. Очекувајте вечер исполнета со емоција, енергија, поп и рок звук, моќни вокали и специјално подготвен сценски настап.
А бидејќи е Halloween – слободно дојдете маскирани и во костими! Нека концертот биде и музички спектакл и голема Halloween забава.

*VALDERA* е македонски пејач, автор, композитор и продуцент кој својата музика ја гради околу силен вокал, емоција и поп-рок звук.

Музиката е неговата најголема страст уште од најмлади години, а меѓу артистите кои најмногу влијаеле врз неговиот музички израз се Michael Jackson, Bryan Adams, Michael Bolton и Freddie Mercury.

Зад себе има еден албум со 13 песни, повеќе синглови и музички видеа, настапи на фестивали и концерти во Македонија и Бугарија, како и повеќе од 150 авторски песни.
Во текот на својата кариера има соработувано со различни музичари и автори, меѓу кои и познатиот македонски композитор Григор Копров.

Покрај пеењето и пишувањето песни, VALDERA активно работи и на продукција и создавање музика, со желба секоја песна и секој настап да имаат сопствена енергија и приказна. Овој концерт е следниот чекор во таа приказна — можност музиката да се доживее во живо, заедно со бенд, придружни вокалистки и целосно концертно шоу.

Сподели: