Aстрономски работилници во ДКЦ/Планетариум

Сподели

 

Aстрономски работилници во ДКЦ/Планетариум
6.4.2022 — 25.5.2022 во Детскиот културен центар при МКЦ
 
Во текот на работилницата децата ќе учат за промената на денот и ноќта, за промената на фазите на Месечината, преку игра и креативно творење ќе изработуваат модели на Сончевиот систем, 3D-соѕвездија како и потенцијална населба на нашата Месечина. Активностите вклучуваат и учење за планетите, ѕвездите, нашата галаксија Млечен пат како и за највпечатливите небесни објекти, кои може да се видат на ноќното небо. Преку истите ќе се поттикне развивање на љубопитноста за астрономијата, запознавање на природата околу себе и развивање љубов и восхит кон науката уште од најрана возраст.
 
Теми на работилниците:
1. Движењето на планетата Земја (6.4.2022)
2. Фази на Месечината (13.4.2022)
3. Населба на Месечината (20.4.2022)
4. Модел на Сончевиот систем (27.4.2022)
5. Ѕвездите и нивните карактеристики (4.5.2022)
6. Соѕвездија и 3D-соѕвездија (11.5.2022)
7. Нашата галаксија Млечен пат и другите галаксии (18.5.2022)
8. Големината на нашата вселена и црните јами (25.5.2022)
Часовите ќе се одвиваат секоја среда од 17:00 до 18:30 часот, во просториите на МКЦ (Детскиот креативен центар, Планетариумот и во дворот на МКЦ).
 
*Реализацијата на работилницата ќе започне на 6.4.2022 година и ќе трае во текот на април и мај.
*Цената на индивидуален час е 300 денари, а доколку се пријавите за учество во текот на цел месец (4 часови) цената изнесува 1000 денари.
*Пријавувањето е задолжително и истото се одвива на следните две електронски пошти: dkc.skopje.mkc@gmail.com и moni.peshevska@gmail.com
*Пријавата треба да ја испратите до двете маил-адреси и во неа треба да го наведете името, презимето и возраста на детето, името и презимето на родителот/старателот како и за кој час се пријавувате.
 
*Доколку се пријавувате за учество на индивидуален час, потребно е да се пријавите минимум 2 дена пред одржувањето на часот. По пријавувањето треба да добиете одговор во врска со пријавата.
*Бројот на учесници на секој час е ограничен.
* Работилницата е наменета за деца од 8 до 12 години.
 
Едукатори на часовите се Моника Пешевска (дипломиран физичар) и Доротеј Нешовски (дипломиран ликовен уметник).