Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Казни за 179 работодавачи кои добиле над 85 илјади евра за исплата на плати, а не исплатиле 338 работници

Сподели:

 

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска ја информираше јавноста за искористеноста на мерката финансиска поддршка за исплата на плати за месец октомври 2020 година.

За месец октомври 2020 поднесени се 13,819 барања БФП-ИП/2, на 12,598 работодавачи е исплатено вкупно 961,613,984  денари, за вкупно 61,556 вработени.  Вкупно 179 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за месец октомври 2020 во износ од 5.271.771 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 338 вработени.

Вкупно 24 даночни обврзници, за дел од своите вработени побарале финансиска поддршка преку конечна пресметка, а за дел со исправка, и за 506 вработени примиле финансиска поддршка во износ од 2.005.437денари, но не извршиле доплата на износот на плата по поднесените исправки во вкупен износ од 99.186 денари.

На работодавачите кои користеле финансиска поддршка, а не извршиле исплата на плата доставени се опомени за неисплатена плата, по што следи спроведување на постапка на присилна наплата на платата. Согласно Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година во ваков случај предвидува изрекување на глоба за сторен прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност на микро правно лице, од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност на мало правно лице, од 1.000 до 6.000 евра во денарска противвредност за средно правно лице и од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност на големо правно лице.

По однос на компаниите кои не ја исплатија платата за месеците април, мај и јуни 2020 година, директорката информираше дека е спроведена присилна наплата заради неисплатена плата, а плата не исплатиле 55 работодавачи за месец април, 48 работодавачи за месец мај и 82 работодавачи за месец јуни. За овие работодавачи доставени се детални податоци во Јавното обвинителство, за покренување на кривична постапка.

149 работодавачи немаат исплатено плата само за еден месец, 25 работодавачи немаат исплатено плата за два месеци и 5 работодавачи немаат исплатено плата за сите три месеци (април, мај и јуни).  За овие работодавачи доставени се детални податоци во Јавното обвинителство, за покренување на кривична постапка. И овие листи на обврзници ќе се достават до Генерален секретаријат на Владата на РСМ за објава.

“Кај работодавачите, кои примиле износ на финансиска поддршка, а не ја исплатиле платата на работниците, започнуваме со вршење на детални контроли, по сите видови на даноци, а истите ќе бидат и координирани со Државниот инспекторат за труд” – изјави Сања Лукаревска.

 

denesmaazin.mk

Сподели: