Театарска импровизација „Импровокација“

Сподели

„Импровокација“ е проект на професионалните актери, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Филип Кипровски, Никола Јосифоски на пијано и Филип Ангеличин Жура како организатор (совест на шоуто). „Импровокација“ е фузија од Канадските техники за „театарски спорт“ (Theatre sport) и Американските техники за театарска импровизација. Таа припаѓа во таканаречената „кратка форма“ (short form) на театарска импровизација во која што се играат не помалку од 12 различни „игри“ за 70тина минути и тоа ја прави да е многу динамична и забавна. Дијалогот, мизансценот, каратерите и приказната, во нивната најчиста форма,  се создаваат заеднички во мигот, пред очите на публиката без никакви предходни подготовки. Точно заради тоа секоја изведба на „Импровокација“ е премиерна и никогаш не може да се повтори уште еднаш. Ваквата форма на театар е комична и спонтана. Рамката на импровизацијата ја даваат актерските задачи (т.н. игри) кои што ги одредуваат правилата на кои актерите се придржуваат додека ја импровизираат сцената. Публиката директно е инволвирана во процесот на создавањето на сцените со нивните предлози од место или во одредени случаи се јавуваат и како актери на сцената. Во зависност од енергијата на публиката и предлозите кои што таа ги дава , таков тематски правец добива и самата изведба. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.

Почитувани дами и господа,

Продукцијата ЗЛАТЕН ЗАБ во четврток на 07.03. 2019 во Скопје, Public room, со почеток во 21.00ч. најавува ИМПРОВОКАЦИЈА, театарска импровизација во која што играат професионалните актери:
Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Филип Кипровски заедно со Никола Јосифоски на пијано и Филип Ангеличин – Жура како организатор (совест на шоуто).
Секоја изведба на „Импровокација“ е премиерна и истата не може да се повтори. Ваквата форма на театар е спонтана, забавна и комична. Публиката директно е инволвирана во процесот на создавање на сцените со свои предлози, а понекогаш се јавува и како директен учесник на сцената. Во зависност од енергијата на публиката и предлозите што истата ќе ги даде, таков тематски правец добива и самата изведба.

Резервации на телефон: 075 283 066

Билети online на следниов линк:
https://www.karti.com.mk/improvokacija-teatarska-improvizacija.nspx?fbclid=IwAR3-vTdhCxCYxVwZgiUHWXnVWcFkSa9meqUd4jnBGk5UoTndAAs19jIY_3o