Димитров: Прашањето на мојот мајчин јазик не смее да биде во судир со напредокот на државата кон членството

Сподели

 

“Голема благодарност до Парламентарното собрание на Советот на Европа за честа и можноста да ја презентирам македонската европска приказна во срцето на организацијата посветена на човековите права, демократијата и владеењето на правото”, напиша на својот фб Никола Димитров.
 
Две поенти од денешниот говор:
▪︎ Војните од деведесетите на Балканот се цивилизациски пораз за нашиот континент. Живееме во време кога темелите на светскиот поредок се разнишани и непредвидливи, регионот е место на судир на различни геополитички сили. Европа треба да размисли дали повеќе ќе ја чини инвестиција во интеграција на Западен Балкан или цената што ќе се плати со изоставување на регионот.
 

▪︎ Во 21 век во Европа, прашањето на мојот мајчин јазик не смее да биде во судир со напредокот на државата кон членство.

Не, ако Европа е континент каде се почитува културната и јазична шареноликост, како што стои во Лисабонскиот договор.
 
Кој сум јас и каков јазик зборувам не се прашања на кои може да се дозволи кој било друг да има право на збор.
 
Тоа е лично мое прашање. Во една демократија, твојата држава не може да ти каже како се чувствуваш, а камоли некоја друга земја или организација”.
 
Никола Димитров, изјави