Пред 76 години формирана е Националната библиотека „Св. Климент Охридски“
Posted onAuthorКоментарите се исклучени на Пред 76 години формирана е Националната библиотека „Св. Климент Охридски“
Сподели:
На денешен ден, 23 ноември, е формирана Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, поранешна „Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.
НУБ „Св. Климент Охридски“ или НУБСК – национална библиотека на Република Македонија и универзитетска библиотека на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како водечки извор на материјали во истражната дејност, депозитна библиотека и еден од предводниците во дигитализацијата на книжното богатство на Македонија. Фондот со кој располага НУБСК брои над 3 милиони единици.
Библиотеката го носи името на големиот сесловенски просветител Свети Климент Охридски (840-916). Меѓу нејзините дејности се вбројува комплетирање и обработка на библиотечен материјал, библиографска дејност, информациска дејност, чување, заштита и конзервација на библиотечен материјал, образовна дејност и меѓународна соработка.
Библиотеката е формирана на 23 ноември 1944 г. со одлука на АСНОМ како „Народна библиотека“ и сместена во просториите на Централната библиотека на предвоениот Филозофски факултет во Скопје, основана во 1920 г. како прва универзитетска библиотека во Македонија.
Првичниот наследен фонд изнесувал околу 150 000 единици, а библиотеката имала 50 читателски места и дванаесет вработени.
Димитар Кондовски
Климент Охридски, 1956, масло, 130х97 см
Ангеле Нацевски
Св. Климент, 1969, патиниран гипс, 50х20х15 см.
Сликите се дел од колекцијата на Националната галерија.
Промоција на аудиокнига “Лидија или се што знам за жените “од Тихомир Јанчовски, во МКЦ на 28.август Во ликот на Лидија се собрани сите жени. Таа е архетип на сѐ женско, жена како битие. Има разлика меѓу машко и женско гледање на работите и сега ми се разјаснија тие работи… Во книгата е пишувано […]
„Со „When in X“ секој може да биде туристички водич“ е мотото на новиот македонски стартап кој нуди платформа за поврзување на туристите на Балканот со локалните граѓани, желни да го споделат своето знаење за регионот. За разлика од традиционалните туристички агенции кои нудат веќе постоечки аранжмани, „When in X“ промовира алтернативни тури кои ќе […]
Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил Фестивал“ објавува отворен повик за пријавување филмови за осмото издание, кое ќе се одржи од 10-ти до 18-ти ноември во Скопје. Право да се пријават имаат сите филмови кои се снимени со мобилен телефон кои не се подолги од 10 минути, а истите претходно не биле […]