Собранието денеска со 63 гласа „за“ го избра Ристо Пенов за министер за локална самоуправа на 88. седница. Пенов доаѓа на министерската функција откако неговиот сопартиец и претходник Горан Милевски, кој поднесе оставка од функцијата од лични причини.
Предлог Ристо Пенов да биде нов министер на местото на Горан Милевски е поддржан со 63 гласа, додека од 93 присутни пратеници, 30 беа против.
По гласањето, тој ја даде и потпиша и свечена изјава со што и официјално стапи на функцијата како министер за локална самоуправа.
Пратениците продолжија со втората точка на дневен ред, односно изборот на уставни судии, за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. На седницата на дневен ред, меѓу останатите, се и закони поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законите за здруженија и за политичките партии.