Јавното обвинителство и МВР потпишаа Протокол за соработка

Сподели

 

Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потпишаа Протокол за соработка со кој се уредуваат клучни области на заедничкото постапување на двете институции.

 

 
Денеска заедно со Јавен Обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, го потпишавме Протоколот за соработка меѓу Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи, како резултат на шестмесечната активна работа на терен на работната група која ја формиравме за таа цел, како одговор на одличната иницијатива на Здружението на јавните обвинители, која ја реализиравме благодарение на поддршката на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
 
Уверен сум дека на овој начин обезбедуваме современа алатка за поголема ефикасност за органите на прогонот, но истовремено нудиме гаранција за почитувањето на правата и слободите на граѓаните, законитост на постапките, безбедност и сигурност на нашите граѓани и државата, што секако претставува приоритет во работењето на МВР, но и општ интерес за државата и нашите граѓани, изјави министерот Спасовски.
 
 
 

 

Јавниот обвинител Љубомир Јовески кажа дека усвојувањето на последниот закон за кривична постапка во целост ја променила улогата на јавниот обвинител во предистражната и истражната постапка. Сега во негова надлежност, како што рече, е координацијата на сите истражни дејствија и на сите делови од правосудната полиција вклучително и на припадниците на МВР со цел да се овозможи ефикасна и брза истрага и прибирање на сите докази неопходни за кривичен прогон.

-Оттука нашите две институции во секојдневната работа неминовно се упатени на тесна соработка и заеднички дејствија до цел да се спречат и разоткријат сите кривични дека и нивните сторители да бидат изведени пред лицето на правдата. Во таа насока имаме навистина многу резултати, рече Јовески.