Тренчевска до Владиката Петар:Богохулие е отровот што го пушташ и со кој ги навредуваш и понижуваш жените

Сподели

 

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска на својот фејсбук профил со реакција на велигденското послание на Владиката Петар во кое говори за родовата еднаквост и жестоко го нападна феминизмот, па рече дека родовата еднаквост е изопачена.

Според митрополитот Преспанско-пелагонски пред појавата на ова движење жените биле домаќинки, а сега се еманципирани, но се се почесто разведени.

Жената не бара повеќе права, бара исти права и исти можности како и мажите. Ама Владико тоа ти со твоите ретроградни ставови, со понижувањата и омаловажувањата кон жената не можеш да го разбереш. Богохулие е отровот што го пушташ и со кој навредуваш и понижуваш 51% од популацијата. Не си ги разбрал поимите, но и времето во кое живееме. Не е време на инквизиција, Владико. Живееме во демократија. Во време кога можеби не секоја жена е гласна, храбра, но оние гласните и храбри се борат за родова еднаквост. За своите права и правата на секоја друга жена. За правата на секој поединец во општеството, напиша министерката Тренчевска.