Дали знаевте дека 11 Октомври, освен што го славиме како наш државен празник, истовремено е и Меѓународниот ден на девојчињата? А како подобро да се помине овој ден ако не во женско друштво?
Повелете на нашиот Женски пикник, каде што ќе си разговараме околу тоа што значи да се биде девојка денес и како можеме да си помогнеме едни на други за да живееме здрав и исполнет живот.
11 октомври, Градски парк, Школка, 12:00-14:00 часот –Три паралелни дискусии за…

Во оваа дискусија ќе зборуваме за менструалната хигиена, сексуално преносливите болести и репродуктивното здравје на девојките и младите жени за да дознаеме како подобро да се грижиме за себе.

Во оваа дискусија ќе научиме како да ги препознаваме првите знаци на насилните врски, како да поставуваме јасни граници во нашите односи и каква сè поддршка ни стои на располагање доколку се најдеме во насилна врска.

Во оваа дискусија ќе ги разгледаме сите можности, услуги и алатки кои би можеле да ни помогнат да си ја одбереме професијата што најмногу ни лежи и постојано да напредуваме во нашите кариери.
Ако ви звучи интересно…
Потврдете го вашето присуство со тоа што ќе кликнете ‘Going’;





