Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски вечерва се обрати пред граѓаните на Охрид во рамките на кампањата за избор на Претседател на Македонија. „Движењето ЗНАМ отвора нови можности.
Движењето ЗНАМ сака да обединува. Движењето ЗНАМ не сака да раскарува и да дели. Ние сме тие коишто доаѓаме од граѓаните и за граѓаните. Ние сме тие што тргнавме од Крушево, Прилеп, Куманово да ги обединиме првенствено Македонците, а и сите граѓани во Македонија, без разлика којна која вера или заедница припаѓа.
Во тоа име 30 години не убедуваат за соживот, заемно почитување, еднакви сме сите, а од сето тоа нема ништо, ниту абер има. Единствено е убаво за нив. Тие коишто од година во година ги ставаме на позиција да ја водат власта и потоа едните си заминуваат,а бетер од нив доаѓаат. И така 30 години оваа напатена Македонија гледа како граѓанинот обичен е на колена. Е па доста беше. Има нова надеж и можност за Македонија.
Тоа е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.“
Во однос на прашањето кому ќе ги даде гласовите во вториот круг, а што му го поставуваат некои, тој потенцира:
„Мојата намера не е да давам гласови, туку да барам гласови во вториот круг и да станам Претседател на Македонија“.
Тој додаде дека немаат намера луѓето да ги користат за една употреба, туку да ги зближуваат, да шират позитивна енергија. Димитриевски потенцира дека имаат најчесна намера да се борат за народот и Македонија.
„Македонија мора да продолжи да се развива како држава. Ветуваат дека во Европската унија ќе бидеме во 2030 година. Тоа не е точно. Не гледаат во очи и не манипулираат. За да станеме членка на Европската унија првенствено треба Македонија да ја средиме да личи, да биде стабилна и да е самоодржлива држава. Треба да си ги засукаме ракавите дома, да си се фатиме за работа, да ја спречиме енормната корупција и криминалот во државата, којашто ја создадоа и ја создаваат политичките елити. Да станеме свои на своето и тогаш ќе може да се отвори портата во Европа да
влеземе таму како достоинствени и горди Мкаедонци, а не како негирани луѓе од балканските простори“.
Пред охриѓани Димитриевски се задржа и на обвинувањата што некои ги упатуваат кон него околу промената на името на државата.
„Велат дека сум гласал за промена на името. Да им кажам на сите што ме обвинуваат. Максим не гласаше за промена на името, бидејќи во тие моменти водеше град. А Преспанскиот договор беше компромис за влог во иднината на Македонија, бидејќи не плашеа со дестабилизација во континуитет. И тоа е завршена работа. Нам ни треба заштита на националниот и државниот интерес. Затоа од позиција на Претседател ќе понудам национална пратформа којашто ќе ја имаат сите политички партии коишто ќе сакаат да преговараат и разговараат со претставниците од
Движењето ЗНАМ за составување на идната власт, да ја потпишат иприфатат. Во спротивно, и така си имаат добри односи, нека си бидат заедно и едните и другите, а ние ќе останеме со граѓаните и ќе бидеме конструктвна опозиција“.
Претседателскиот кандидат Димитриевски рече дека Македонија не е мултиетничка држава, туку држава којашто гради и сака да гради реално мултиетничко општество. Тоа, како што рече, подразбира културни и други права поеднакви за сите, но и почитување на законите и извршување на обврските.
„Ако се вее македонското знаме тука, во Охрид, ќе мора да се вее и во Кичево. А не да ни се веат знамиња на други држави. Не дозволувам да се гази по моето наионално, а го почитувам твоето во целост. И така ќе живееме“, потенцира тој.
Димитриевски ги повика граѓаните масовно да излезат и да гласаат за кандидатот кој сметаат дека треба да ја добие нивната поддршка, затоа што со тоа ќе добијат сите, а ќе добие и Македонија.
„Почитувани присутни, вашиот број на присутни овде вечерва само потврдува дека на овие избори после Крушево и АСНОМ ќе се случи во Македонија Изборно востание!“, го заврши своето обраќање Максим Димитриевски пред охриѓани.
Инаку, денеска неговиот караван ги посети Вевчани и Струга, кадешто имаше средби со граѓаните.