Денеска Собранието на Република Македонија на својата 15. седница продолжува со расправата за предлог-законот за употреба на јазиците, а потоа за минималната плата и за стечајците, сите во прво читање.
На дневниот ред се и законот за употреба на македонскиот јазик, како и законот со кој ќе згасне титулата национален уметник.
На дневниот ред се и интерпелациите на министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерот за култура, Роберт Алаѓозовски и на министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку. Сите три интерпелации се поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Седницата почнува во 11 часот, а претходно Комисијата за политички систем и односи меѓу заедници ќе расправа за предлог-законот за јазиците, по што тој ќе биде прва точка на пленарната седница.