Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 18 април 2022 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар е неработен ден за верниците од католичката вероисповед во Република Северна Македонија, информираат од МТСП.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на верниците од католичка вероисповед им го честита празникот Велигден.