Албанските партии категорични-нема коалиција со Груевски – Видео

Сподели

Политичкиот говор на Никола Груевски кон Албанците беше навредлив и ниту една албанска партија нема да коалицира со него, изјави Невзат Бејта во емисијата „Клик Плус“.

Опозициските партии од албанскиот блок јасно ставија до знаење дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ. Генералниот секретар на ДР-ДПА, Арбен Таравари, вели дека коалицијата „Алијанса за Албанците“ ќе гласа без дилема за нов состав на Влада во која ќе биде и СДСМ,  затоа што според него, тие се “ЗА“ продолжување на мандатот на СЈО.

 Движењето Беса полека ги открива насоките, категорични се дела нема да  коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ, а немаат ништо против можна коалицирање со СДСМ.

Пратениците на Демократската Партија на Албанците велат дека стојат на располагање на ДУИ, ако таа одлучи да формира нова влада со СДСМ.

Во меѓувреме, албанските партии не соопштуваат детали околу тоа дали започнале да преговараат со некоја од македонските партии за формирање на новата влада.

ТВ 21