Сашо Мијалков во затворот во Шутка не јаде од истата храна како останатите притвореници. За него, секој ден се подготвува топол оброк во кујната на хотел Мериот – дознава 1ТВ.
Мијалков го поседува овој хотел и беше приведен токму таму на 20 месецов. Како што пренесува 1ТВ, за поранешниот шеф на УБК секој ден се подготвува оброк во Мериот и се носи во хашкото одделение во Шутка каде е сместен Мијалков. Тој само две вечери спиел во обичното притворско одделение, а потоа биле преместени други притвореници за да се ослободи простор во хашкото.
Мијалков не е единствениот чии гастрономски желби се исполнуваат за време на притворот.