20.МАЈ: „Вози право, вози здраво“ по третпат во Скопје

Сподели

Веќе трета година се одржува ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ по улиците на Скопје ,со цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето на овие чисти транспортни средства.

Настанот овојпат е во пролетна шема со повеќе интеракција, забава и содржини на целта во Градскиот парк. Ревијалната трка е предвидено да почне во 12 часот од Порта Македонија, каде учесниците може да си ги подигнат бројчињата или да се регистрираат за учество на денот пред трката на пултовите веќе од 11 часот.

На трката може да учествуваат сите граѓани кои ќе се регистрираат во една од категориите: велосипеди, детска трка, ролерки/тротинет/скирол или родители со бебе количка на линкот за регистрација.

Рутата по којашто ќе се движи ревијалната трка

Рутата по којашто ќе се движи ревијалната трка

Во меѓувреме, во Градски парк, позади споменикот на Гоце Делчев каде ќе биде поставена бина на посетителите понудени ќе бидат бројни забавни содржини како настапот на Beta House, претстава со Тања Павловска Кочовска, игри, подароци, предизвици и други изненадувања.

Организаторите информираат дека за сите учесници ќе бидат обезбедени репрезентативни материјали, а редните броеви на учесниците ќе бидат дел и во извлекувањето на наградната лотарија согласно категоријата во која припаѓаат: Fixie & Specialized велосипеди, GoPro камери, Hover Board-и, СЕМОС обуки, спортска опрема и други вредни подароци.