МИМ ги додели наградите “Никола Младенов”

Сподели

Македонскиот институт за медиуми (МИМ), традиционално по шеснаесетти пат денеска ја додели наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2016 година.

133599510

Добитници на првата награда се Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска-Созен, за сторијата за смртта на Коста Крпач, објавена во емисијата „КОД“ на ТВ „Телма.

Втората награда за најдобра истражувачка сторија за 2016 година ја доби Зоран Јовановски, за сторијата „Пеплиште на смртта“, објавена во емисијата „360 степени“ на телевизија „Алсат-М“.

Третата награда ја доби Ирена Мулачка, за серијалот текстови за зголемената смртност на новороденчињата објавена во неделникот „Фокус“.

Комисијата за избор на најдобра истражувачка сторија за 2016 година, во состав Мирче Јовановски, Ведат Мемедалија, Гонце Јаковлевски, Зоран Ќука и Билјана Петковска, одлучи да им додели пофалници за исклучителниот новинарски израз и квалитетна обработка на сториите на Владо Апостолов и за истакнатиот новинарски ангажмани професионална обработка на Стојанка Митреска.

На годинашниот конкурс се пријавиле 39 автори со 69 стории, обработени во 97 текста/прилози, објавени на интернет портали, телевизии и во неделници.

Наградата за најдобра истражувачка сторија се доделува од 2001 година, а од 2013-та го носи името на новинарот „Никола Младенов“.