24 часовен МВР Билтен

Сподели

На 20.07.2024 во 20.10 часот на регионалниот пат  Битола – Прилеп, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Р.(31) од Прилеп, со привремен престој во с.Ивањевци, општина Могила и Д.А.(37) од Штип, со привремен престој во с.Ивањевци. Тие се сомничат дека во текот на денот од објект на правно лице во с.Долно Српци, општина Могила, одзеле повеќе предмети. При преглед на патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, во кое биле затекнати, биле пронајдени одземените предмети. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Во  периодот од 22.00 часот на 20.07. до 01.30 часот на 21.07.2024, за време на  одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Ѓ.(29), Ф.Ј.(30), Ф.Ѓ.(29), сите од Скопје, М.Н.(22) од Прилеп, Н.А.(23), И.С.(28), двете од Скопје и тројца малолетници.  При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, зелена тревкаста материја, бела грутчеста материја, таблети и други предмети. Исто така, Т.Ѓ. се однесувал агресивно и ги спречувал полициските службеници при преземањето службени дејствија. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Денеска (21.07.2024) во 05.20 часот во село Кадино, општина Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.П.(22) од с.Марино, скопско, затоа  што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја и пиштол. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 21.07.2024 во 01.00 часот во Маврово, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Д.Д.(43) од Маврово затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.07.2024 во 23.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.07.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.07.2024 во 23.55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.07.2024 во 21.25 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода Е.З.(23), Џ.З.(30), Д.З.(22), З.М.(25) и Д.У.(26), сите од Струмица. При преглед на патничко возило „мерцедес“ во кое се превезувале била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 21.07.2024 во 02.50 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Д.Г.(25) од Радовиш затоа што кај него била пронајдена марихуана. Известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 103 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 12 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, осум санкции за управување возило со брзина поголема од пропишаната, седум мерки за некористење сигурносен појас…

На 20.07.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„518“, ул. „516“ и бул.„Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со холандски национални ознаки, управувано од Б.С.(43) од Холандија и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(50) од Скопје. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

На 20.07.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на с.Трапчин Дол, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.Ф.(74) од Скопје и патничко возило „тојота“ со чешки национални ознаки, управувано од П.Х.(44) од Република Чешка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Т.Ф. и  А.Х.(78) од Република Чешка, сопатничка од возилото „тојота“, додека со телесни повреди се здобиле возачот П.Х. и тројца негови сопатници, П.С.Х.(44) и двајца малолетници, сите од Република Чешка, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.    

На 20.07.2024 во 12.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Зеф Љуш Марку“ во Скопје, патничко возило „форд ка“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(26) од Скопје, удрило во А.М.(82) двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.М., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 20.07.2024 во 23.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово – Скопје, во близина на с.Требош, општина Желино, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.З.(41) од с.Љуботен, скопско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Ш.З. и малолетен сопатник од с.Љуботен, додека со телесни повреди се здобиле двајца малолетници од с.Милетино и с.Љуботен, констатирани во Клинички центар Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.  

На 20.07.2024 во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Ж.Г.(26) и патничко возило „пежо“ со швајцарски национални ознаки, управувано од М.И.(69), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 20.07.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Гази Баба, В.С.(59) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ во Скопје била касната од куче скитник.