24 часовен МВР Билтен

Сподели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.А.(62) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.08.2024 во близина на патарина во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

На 16.08.2024 во СВР Велес, 47-годишен маж од велешко пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 251.110 денари. Според пријавеното, на 29.07.2024 преку мобилна апликација лицето се договорило со него за набавка на бела техника. Како што е пријавено, договорената стока била испратена во Скопје и била преземена од друго лице, но парите не му биле исплатени во договорениот рок, а после една недела лицето веќе не било достапно, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.08.2024 во СВР Битола – Полициска станица Демир Хисар било пријавено дека на околу 20 метри над продавницата во село Вирово, демирхисарско, бил забележан балон со дијаметар од околу еден метар на кој имало инсталирано направа од која под притисок дувал оган за движење на балонот. Кога жителите се обиделе да го соборат, балонот се кренал повисоко и заминал кон шумата над селото. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со повеќе лица – сведоци на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

На 15.08.2024 во СВР Велес било пријавено дека околу 09.30 часот при рушење на ѕид од плевна во село с.Богомила, велешко, сопственост на Д.Ѓ., била пронајдена неексплодирана бомба. Бомбата била обезбедена и ќе биде подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Т.(42) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.07.2023 во Берово, пријавениот продал марихуана на две лица од Берово, која била пронајдена и одземена.

На 16.08.2024 во 11.15 часот во Полициската станица Ресен, одговорно лице во Национален Парк „Галичица“ пријавило дека на место викано „Асан Џура“ затекнало лице кое запалило оган на отворен простор, кој веднаш бил изгаснат од вработени на националниот парк. Полициски службеници од Полициската станица Ресен излегле на местото и било констатирано дека се работи за А.И.(74) од Охрид, кој е бездомник и кој изјавил дека ноќта ја поминал на местото каде што запалил оган за да се стопли без намера за подметнување на пожар. Констатирано е дека лицето сторило прекршок по член 53 од Законот за шуми.

На 16.08.2024 во 12.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода С.С.(61) од пробиштипско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 34 – годишна ќерка дека физички ја нападнал во семејниот дом. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.08.2024 во ОВР Крушево, А.Ф.(38) од с.Пресил, крушевско, пријавил дека околу 02.50 часот во с.Пресил, три лица со закана со огнено оружје, од кои едното се претставило дека е полициски службеник, од него и неговата сопруга одзеле ранец со пари во различни валути и апоени и накит. Увид извршила екипа од ОВР Крушево и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (17.08.2024) во 03.40 часот во СВР Скопје, 44 – годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг Ш.М.(37). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (17.08.2024) во 03.30 часот во СВР Струмица, Ц.И.(31) од с.Василево, струмичко, пријавил дека на 16.08.2024 околу 22.30 часот во дворот од семејната куќа, по претходна расправија тој, неговата мајка и неговата сопруга биле физички нападнати од С.„Н“, Е.„Н“ и Н.„Н“. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (17.08.2024) во 00.40 часот во СВР Скопје, М.Ј.(52) од Скопје пријавил дека на 16.08.2024 во 23.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, поради нарушени меѓусебни односи, бил физички нападнат од Џ.Х.(42) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.08.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје, 19 – годишна жена пријавила дека во дворот на семејната куќа на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот вереник Л.Џ.(20). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (17.08.2024) во 03.50 часот во СВР Струмица, Т.П.(31) од с.Миравци, гевгелиско, пријавил дека околу 00.30 часот пред угостителски објект во селото бил физички нападнат од А.В.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (17.08.2024) во 00.10 часот во СВР Скопје, С.З.(29) од с.Сингелиќ, скопско, пријавил дека на 16.08.2024 во 20.20 часот во негов плац на подрачјето на Гази Баба двајца негови малолетни внуци биле физички нападнати од две лица, кои употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (17.08.2024) во 02.30 часот во СВР Штип, 29 – годишна жена пријавила дека на 11.08.2024 околу 02.00 часот во штипско била физички нападната од нејзиниот сопруг С.К.(36). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.08.2024 во 23.30 часот во СВР Скопје, Т.Ц.(19) од Скопје пријавила дека околу 23.05 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.08.2024 во 12.50 чaсот во СВР Битола, И.В.(46) од с.Беранци, општина Могила, пријавил дека на 15.08.2024 во спортска обложувалница во Битола, по претходна расправија, бил физички нападнат од Б.С.(24) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.08.2024 околу 19.45 часот во СВР Скопје, Т.Н.(57) од с.Глуво, скопско, пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје едно лице влегло во неговото возило и со закана со огнено оружје го натерало да извади пари од банкомат, кои потоа му ги одзело заедно паричникот и други лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.08.2024 во 14.00 во СВР Скопје, С.К.(46) од Скопје пријавил дека на 15.08.2024 околу 00.30 часот во двор на основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син и негов малолетен другар биле физички нападнати од три лица, од кои еден од нив им упатил закани со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.08.2024 во 12.45 часот во СВР Скопје, 44 – годишен маж од Скопје пријавил дека на 14.08.2024 во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата мајка И.Е.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.08.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 04.15 часот во казино на подрачјето на Карпош во Скопје, едно лице со закана со остар предмет од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.08.2024 во 10.00 часот во ОВР Прилеп, И.К.(41) од с.Канатларци, прилепско, пријавил дека кога ги враќал работниците од нива, Н.Н. и Е.Н. му го попречиле патот и со дрвен предмет го оштетиле неговото возило комби, по што физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.08.224 околу 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Серава“ настанал пожар во куќа, сопственост на О.Б.(54) од с.Морани, скопско, во која никој не живеел. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 16.08.2024 во 08.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во сопствениот дом во Битола била пронајдена почината Љ.Г.(62) од Битола. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

На 16.08.2024 бил пронајден Д.С.(40) од Штип за кого на 12.08.2024 во СВР Штип неговиот татко К.С.(67) пријави дека се оддалечил од домот.