24 часовен МВР Билтен

Сподели

На 19.10.2024 година, во 16.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кеј „Македонија“ во Охрид патничко возило „Ауди А3“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(19) удрило во пешак П.К.(18) двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот П.К., констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. При ударот било оштетено и паркирано патничко возило „Фолксваген транспортер“ со тетовски регистарски ознаки, паркирано од А.К.(51) од Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 19.10.2024 година во 08.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Гвадалахара“ во Скопје, М.Б. (69) од Скопје управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.  Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Денеска (20.10.) во 02.20 часот на Граничниот премин Деве Баир,  на излез од државата,
полициски службеници го лишиле од слобода А.Ч.(43) од Република Турција поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека  приложил две фалсификувани зелени карти за товарно возило „ДАФ“ и полуприколка „Тирсан“ со турски национални ознаки, кои истиот ги управувал. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Денеска (20.10.) во 02.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Б.(27) од Гостивар затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (20.10.) во 02.30 часот во Градскиот парк во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (20.10.) во 03.25 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(24) од Тетово  затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (20.10.) во 03.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Р.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.10.2024 година во 12.20 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.К.(23) од Куманово, со престој во Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa кафеава грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.10.2024 година во 15.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ѓ.(25) од Скопје затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.10.2024 година во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(44) од Скопје затоа што при извршен преглед над него и во патничкото возило марка „Опел“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.10.2024 година во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(22) од село Инџиково, скопско, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.10.2024 година во 21.45 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го привеле Е.Х.(37) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.10.2024 година во 21.15 часот во Полициската станица Центар, А.Ж.(27) од село Студеничани, скопско, пријавил дека на пешачка патека на кејот на реката Вардар, на подрачјето на Центар бил каснат од куче скитник.