На 05.12.2023 во 06.30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода И.В.(34) од Штип и Л.М.(55) од Велес. При претрес во домот на И.В., извршен со судска наредба, во кој бил затекнат и Л.М., биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, бела прашкаста материја, предмети со остатоци од бела материја, дигитална вага и други предмети поврзани со делото. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.12.2023 во 16.25 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Сарај, поточно во близина на езерото Треска, приведен е Л.В.П.(59), полски државјанин. Тој бил затекнат со патничко возило „мерцедес“, со полски национални ознаки, а при извршена проверка било констатирано дека нема пријавен престој во државата, додека при преглед во возилото била пронајдена поголема количина на лекови во форма на таблети без соодветна документација за потекло и за нивен транспорт. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (05.12.2023) околу 20.00 часот во Тетово го лишиле од слобода 47-годишниот А.Е. од Тетово. При претрес извршен во неговиот дом на 22 минатиот месец, на кој А.Е. не бил присутен, бил пронајден хероин. Инаку, тој со судска наредба и по распишана потерница се барал и за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Куманово. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.
На 05.12.2023 во 20.20 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.К.(24) од скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчеравечер (05.12.2023) околу 23.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20 – годишниот тетовец А.Л., затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 05.12.2023 во 22.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода А.Р.(42) од Косово, затоа што по извршена контрола и проверка било констатирано дека се барал со меѓународна потерница од Интерпол. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 194 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено свлетло, 17 мерки за некористење на сигурносен појас…
Во текот на вчерашниот ден (05.12.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 102 возачи. Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 36 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено место.
На 05.12.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Центар, С.К.П.(46) од Скопје пријавила дека на ул.„Јордан Мијалков“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 05.12.2023 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, патничко возило удрило во електричен тротинет, управуван од Е.М.(32) од Берово, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.М., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 05.12.2023 19.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.М.(35) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ бил каснат од куче скитник.
На 05.12.2023 околу 14.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, управувано од С.Т.(78) од Штип и товарно возило „ман“, управувано од Д.Н.(64) од Пробиштип, двете со штипски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни пореди се здобиле возачот на возилото „пежо“ и неговата сопатничка Ц.Т.(77) од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.
На 05.12.2023 во 09.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Г.А.(37) од Скопје пријавил дека во населбата Стопански двор бил каснат од куче скитник.