На територија на град Скопје, МВР изрече вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 71 мерка за недавање предност на пешаци, 17 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за нерегистрирани возила, шест за возење под дејство на алкохол, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 61 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.
МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.