300 бегалци во САД под истрага за тероризам

Сподели

 

 

„Околу 300 лица кои влегле во САД со статус на бегалци сега се предмет на истрага на Федералното истражно биро за активности потенцијално поврзани со тероризам“. Ова го изјави американскиот министер за правда Џеф Сешонс, при претставувањето на новиот декрет на претседателот Доналд Трамп за привремена забрана на патувања за државјани на шест земји.

Трамп вчера потпиша модифицирана верзија на неговиот декрет, која ќе стапи во сила на 16 март. Првиот декрет беше блокиран од сојузните судови.