33 години неуспешни обиди за изградба на трамвај во Скопје

Сподели

 

Приказната за изградба на трамвај во Скопје е стара неколку децении, исто како и реалната работа на градските власти за неговата реализација. Пребарувањето низ архивите околу темата за трамвајот, „Мета.мк“ ја однесе назад во далечната 1986 година, кога започнала изработката на првичната документација за воведување на новото средство за масовен транспорт во Скопје.

По 33 години, Владата и Градот Скопје предложија алтернатива и за трамвајот – воведување на брз автобуски систем (БРТ) во главниот град. Исто како и за трамвајот, за БРТ ќе се работат физибилити студии и проектна документација. Хронологијава ги прикажува сите неуспеси, ветувања и обиди за изградба на трамвајот во изминативе три децении.

 

мета.мк