Во периодот од 30.01.2023 до 05.02.2023 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државава, за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.
При контролата санкционирани се 38 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.