Благодарност до читателите: 22 години од постоењето на редакцијата ДЕНЕС

Сподели

 

Почитувани читатели, со гордост можеме да кажеме дека ДЕНЕС одбележува 22 години од своето постоење во македонскиот медиумски етер, благодарејќи на основоположникот на ова издание почитуваниот Георги Ајановски и целокупниот тим од најдобрите новинари, составени во еден тим.

Плејада на новинари, политичари, експерти и искусни професионалци се стремеа да создадат независно современо новинарство борејќи се со цензурата и воведувајќи демократија во македонското новинарство поттикнувајќи ги новите надежни новинари, критикувајќи ги слабостите на политичарите, оставајќи простор на читателите да создадат свое мислење  во слободоумниот демократски свет.

Благодариме на сите што учествуваа во креирањето на овој бренд од способни, вредни новинари полни со ентузијазам кои во секој поглед допринесоа за слободната мисла. Многумина во овој момент се успешни во својата фела и напредуваат без разлика на моменталната политичка ориентација и функција.

Под диригентство на Георги Ајановски како оснивач на овој бренд, кој  во сегашноста опстои како ДЕНЕС магазин и кој го уредува Соња Ајановска Деловска, кој моментално под влијание на сите политички разветрувања и слободоумни мисли, сакаме да заблагодариме на читателската публика која даваше и сеуште дава поддршка на овој концепт на известување, посакуваме слободната мисла да продолжи да биде двигател во медиумскиот простор и да ви зблагодариме за вашето присуство во секој текст и информација.

Со почит, редакција ДЕНЕС магазин.