5. издание на фестивалот за аминирани филмови „Флипбук“

Сподели

Во Кинотека од 8 до 11 август  ќе се одржи петтото издание на „Флипбук Филм Фестивал“. Во рамки на фестивалот ќе бидат прикажани околу 100 филмови во главната, студентската, селекцијата на анимиран докуметарец, на анимирани музички видеа и европската панорама.

Во рамките на фестивалот ќе бидат реализирани и неколку работилници за производство на анимиран филм и флип-бук, а ќе бидат промовирани и книгите „Предавања за филмскиот модернизам “ на историчарот на филм и професор на загрепскиот универзитет Никица Гилиќ, кој ќе биде дел од жирито, книгата „Michael Dudok de Wit: A life in Animation“, издание на CRC Focus од авторката Андријана Ружиќ, теоретичарка и историчарка на анимиран филм, дел од овогодинешното жири, двојазичниот роман „Евацид“, придружен со изложба, на нашиот писател и визуелен уметник Никола Радуловиќ, минатогодишниот добитник на наградата за најдобар анимиран спот и овогодишен член на жири, и книгата со карикатури на доајенот на македонската карикатура и анимација Тоде Ристо Блажевски, исто така придружена со изложба.

Годинешното издание на Флипбук Филм Фестивал е поддржано од организацијата Еко Свест која ќе додели награда за најдобар филм со еколошка тема, Кинотеката и Агенцијата за филм на Македонија.