55. ИЗДАНИЕ НА “СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА”

Сподели

Struski-veceri-na-poezijata-650x330

Вечерва почнува 55. издание на „Струшките вечери на поезијата“, пред Домот на поезијата во Струга, во 20.30 часот.

На годишната поетска манифестација во Струга ќе учествуваат 32 поети од 30 земји, меѓу кои Франција, Италија, Кина, Мексико, Израел, Австралија, Хрватска, Бугарија и други.

55. издание на „Струшките вечери на поезијата“ ќе трае до 28 август, а поетски читања ќе има и во Битола, Ресен и во Охрид. Фестивалската програма завршува на 29 август со поетско матине на Матка и со Меѓународен поетски митинг на Камениот мост во Скопје.

Годинашен лауреат на наградата „Златен венец“ е канадската поетеса, книжевна критичарка, романсиерка и есеистка Маргарет Етвуд.