Македонската асоцијација за развивање игри “МАГДА” го најави шестото издание на Гејмџем Македонија, кое ќе се одржува од 26 до 28 јануари во Скопје и Битола.
За време на 48-часовниот маратон се изработуваат игри, а во него може да учествува секој ентузијаст и љубител на гејмингот.
Во тек е пријавувањето за гејмџемот во Битола, кое може да го направете на следниот ЛИНК.
Инаку, во изминативе пет години, близу 1500 учесници изработиле речиси 150 игри.
Каква била атмосферата и за тоа како овој настан влијаел на учесниците, погледнете во промо видеото: