На островот Лидо во Венеција вечерва започнува 74. издание на најстариот филмски фестивал во светот, Венецијанскиот филмски фестивал, којшто ќе трае од 30 август до 9 септември.
Претседател на жирито годинава е американската глумица Анет Бенинг. Главната програма вклучува 21 филм, а фестивалот ќе го отвори остварувањето на американскиот режисер Александар Пејн, „Downsizing”. Се работи за научнофантастична приказна, во којашто главните ликови ги толкуваат Мет Дејмон и Кристин Виг.
Како последен пак, ќе биде прикажан јапонскиот филм на режисерот Такеши Китано, третиот дел од трилогијата „Outrage”.
По црвениот тепих ќе зачекорат и ѕвезди како Џулиен Мур, Џенифер Лоренс, Мишел Фајфер, Џорџ Клуни, Итан Хоук…
Почесните награди „Златен лав” за особен придонос во фимската уметност, на 1 септември ќе отидат кај американските филмски ветерани Роберт Редфорд и Џејн Фонда.