Еден од најдобрите филмови за снимањето филмови, 8½ на великанот Федерико Фелини (Federico Fellini), се појавува во еден деликатен момент од неговата кариера, кога по снимени 7 и пол филови запаѓа во креативна криза. Насловот е во склад со личната агонија на Фелини – снимањето на неговиот осми и пол филм по ред.
Марчело Мастројани го игра Гвидо Анселми, режисер чиј нов проект е на работ на пропаста, исто како и неговиот приватен живот, додека тој се бори против креативната блокада и беспомошно жонглира со жените во неговиот живот. Филмот ги прикажува неговите лични борби во креативниот процес и но и борбата да ги задоволи големите очекувања од јавноста.
Работниот работен наслов за 8½ бил „Убава конфузија“, а ремек-делото на Фелини е токму тоа: светкав сон, циркус и магична конфузија. Филмот е раскажан нелинеарно, во форма на тек на свест (за тоа време пионерска постапка), преку флешбекови, надреални секвенци на сон и карневализација на реалноста. 8½ е филмско ремек-дело во кое уметничката криза се преобразува во филмски проект од огромно значење.
25 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч. 8 1/2, Игран филм, Италија / Франција,1963, 138 мин., колор, ДЦП
Режија: Федерико Фелини (Federico Fellini)
Сценарио: Федерико Фелини, Тулио Пињели, Енио Флајано, Брунело Ронди (Feder Fellini, Tullio Pinelli, Ennio Flaiano, Brunello Rondi)
Улоги: Марчело Мастројани, Клаудиа Кардинале, Анук Аме, Сандра Мило (Marcello Mastroianni, Claudia Cardinale, Anouk Aimée, Sandra Milo)