Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска го одбележува 8 Мај– Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина под мотото #БидиЧовечен.
Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина се одбележува во сите 192 национални друштва, во чест на основоположникот на движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина Анри Динан, кој е роден токму на 8 Мај.
По тој повод денес, на 8 мај организторите на прославата во Градскиот парк, на Школка со почеток од 12 часот организираат низа музички настани.