91. церемонија за доделување Оскари

Сподели
Вечерва во Долби театарот во Лос Анџелес ќе се одржи 91. церемонија за доделување Оскари, награда на американската Академија на филмски уметности и наука.

Оваа година доделување на наградите ќе се одржи без водител, како и без новата категорија за најпопуларен филм, од која се откажа Академијата.

Во категоријата за најдобар филм, годинава се номинирани 8 филмови. Фаворити, со по 10 номинации, се сметаат британскиот филм „Миленичка“, црна комедија за политичките интриги и игри на моќ на дворот на кралица Ана во 18 век и „Рома“, осврт на животот на една куќна помошничка во Мексико Сити.

По првпат во историјата на една пејачка, поконкретно на Лејди Гага, и успеа да стане првата личност која во иста година е номинирана за најдобра актерка и најдобра песна во филмот на Бредли Купер „Ѕвездата е родена”. Лејди Гага се смета за фаворит за освојување на наградата за најдобра песна, благодарение на „Shallow“, која ги освои срцата на обожаватели од целиот свет, за која веќе ги доби наградите Греми, Златен глобус и БАФТА.

Филмот „Црниот Пантер” од работилницата на Марвел е првиот филм за суперхерој номиниран во категоријата најдобар филм и тоа десет години откако Американската филмска академија го игнорираше филмот „Витез на темнината” во таа категорија. „Црниот Пантер” е исто така филмот со највисока заработка во 2018 година, која изнесува околу 1,3 милијарди долари.

Познатиот американски режисер Спајк Ли беше првпат е номиниран во категоријата најдобар режисер благодарение на филмот „BlacKkKlansman”. Досега беше номиниран само во категориите за најдобро оригинално сценарио и за најдобар документарен филм. Во 2015 година му беше доделен почесен Оскар.

Годинава историја ќе испише и филмот „Рома“, како прв филм на Нетфликс во таа категорија, како и во категориите Најдобар режисер, Најдобро сценарио, Најдобар странски филм, Најдобар продукциски дизајн, Најдобро уредување на звукот и Најдобар звук. Продуцентката на „Рома, Габриела Родригез, е првата латиноамериканка кој ја доби номинацијата во категоријата најдобар филм.

За Оскар за најдобар филм ќе се натпреваруваат: „Roma“, „A Star is Born“, „Green Book“, „BlacKkKlansman“, „Vice“, „The Favourite“, „Black Panther“ и „Bohemian Rhapsody“.

Во конкуренција за најдобар режисер се Алфонсо Куарон („Roma“), Бредли Купер („A Star is Born“), Спајк Ли („BlacKkKlansman“), Јоргос Лантимос („The Favouritе“), Адам Мекеј („Vice“) и Павел Павликовски („Cold War“).

Номинацијата за најдобра машка улога ја добија Кристијан Бејл („Vice“), Рами Малек („Bohemian Rhapsody“), Бредли Купер („A Star is Born“), Виго Мортенсен („Green Book“) и Вилијам Дефо („At Eternity’s Gate“).

За Оскарот за најдобра женска улога ќе се натпреваруваат пет актерки: Глен Клоуз („The Wife“), Леjди Гага („A Star is Born“), Оливиja Колман („The Favourite“), Јалица Апарисио („Roma“) и Мелиса Макарти („Can You Ever Forgive Me?“).

Номинацијата за најдобар филм од неанглиското говорно подрачје ја добија „Never Look Away“, „Cold War“, „Capernaum“, „Roma“ и „Shoplifters“. 

Дизниевите „Incredibles 2″ и „Ralph Breaks the Internet” се во трката за најдобар анимиран филм.