Музеј на современата уметност Скопје: Изложба “Се што ни е заедничко”

Сподели
 
Во Музејот на современата уметност ќе биде изложена поставката „Се што ни е заедничко“.
Јонас Стаал | Jonas Staal
Нови сојузи| New Unions | 2016 – 2019
Инсталација | Installation
 
„Нови сојузи“ е уметничка и политичка кампања чија појдовна точка е тековната политичка, економска, хуманитарна и еколошка криза во Европа со цел да ги здружи претставниците на трансдемократските движења и организации за да предложи сценарија за некои нови идни сојузи. „Нови сојузи“ ја разгледува кризата во Европа, истовремено, како криза на имагинацијата, и како таква, ги отфрла ултра националистичките партии кои бараат сепарација од Европската Унија и се стремат кон враќањето на една митска идеја на национална држава, како и политичко-економската функционерска елита која ја употреби Европската Унија за да ги спроведе нејзините политики на штедење. Наспроти тоа, „Нови сојузи“ ја поддржува потребата за трети, четврти, петти опции во облик на алтернативни сценарија за транснационален сојуз.
 
 
 
 
Јонас Стаал (1981, Холандија) е визуелен уметник чиишто дела се однесуваат на врската помеѓу уметноста, пропагандата и демократијата. Тој е основач на Уметничката и политичката организација „New World Summit“ (2012 година–до денес). Заедно со Флоријан Малзахер тој го води кампот за обука „Обука за иднината“ (2018 година – тековно), а со адвокатот за човекови права Јан Фермон ја иницираше колективната правна акција „Collectivize Facebook“ (2020 година-во тек).
 
 
 
 
Заедно со писателката и адвокатка Рада Д’Соуза го основале „Судот за меѓугенерациски климатски злосторства“ (2021 година –до денес) и заедно со Лори Прувост се ко- администратори на „Obscure Union“. Неговите изложбени проекти ги вклучуваат „Уметност во државата без државјанство“ (Галерија Модерна, Љубљана, 2015 година), „По Европа“ (State of Concept, Атина, 2016 година), „Шкотско-европскиот парламент“ (CCA, Глазгов, 2018 година) и „Музејот како Парламент“ (заедно со Демократската самоуправа Рожава, Van Abbemuseum, Ајндховен, 2018 година -во тек). Неговите проекти се нашироко изложувани во Музејот Stedelijk во Амстердам, M_HKA во Антверпен, Музејот модерна во Стокхолм и Уметничкиот центар Nam June Paik во Сеул, како и 7 берлинско биенале, 31 биенале во Сао Паоло и 12 биенале во Тајпеј. Дел од неговите публикациите ги вклучуваат „Стив Банон: Ретроспектива на пропаганда“ (Het Nieuwe Instituut, 2018 година), „Пропагандна уметност во XXI век“ (The MIT Press, 2019 година) и „Прирачник за обука за иднината“ (со коуредник Флоријан Малзахер, Sternberg Press, 2021 година). Стаал ја завршил докторската теза за пропагандна уметност на Програмата PhDArts на Универзитетот Лајден, Холандија.
 
Поставката „Се што ни е заедничко“, која ќе биде отворена до крајот на месец март во Музејот на современата уметност – Скопје.