99 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 17.00 часот на територијата на државата спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 99 возачи.

МВР апелира возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Исто така и пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.