ОРТОРЕКСИЈА – опасност на модерниот живот

Сподели

13823393_1384573138225338_66516005_n

Анорексијата и булимијата денес се добро познати пореметувања во исхраната, додека за орторексија, сеуште речиси ништо не се знае.

Оваа патологија се однесува на личности кај кои грижата за здрава исхрана прераснува во опсесија.

Важно е да се изедат пет овошки и зеленчуци во текот на денот, да не се претерува со месо, да се избегнуваат масни работи. Овие и многу други добри совети можат да станат непријател на нашето здравје доколку потребата од внесување на здрави намирници се претвори во болест која сега има свој назив – орторексија.

Се повеќе има луѓе кои сакаат да го контролираат она што го јадат, и тоа во основа е позитивно. Но, проблемот настанува кога изборот на храна станува товар од кој не можеме да се ослободиме.

Кај лицата со орторексија желбата за здрава исхрана прераснува во опсесија и тие почнуваат да имаат загижувачки психички симптоми. Како и во случајот со анорекција и булимија, храната ја презема контролата над нивните животи.

13820770_1384573214891997_1549215764_n

За разлика од анорексијата и булимијата, кај орторексија станува збор за нутриционен квалитет на намирниците, а не за калориите.

Како и кај „класичните“ пореметувања во исхраната и во овој случај пациентот повеќе не владее со односот кон намирниците кои ги конзумира. Стравот од помислата дека би можел да изеде нешто што е лошо по неговото здравје започнува кај него да предизвикува стрес и вознемиреност.

Изразот орторексија прв пат во 1997. година го користи американскиот истражувач Стивен Братмен, кој дури направил и тест за да може да ги идентификува потенцијалните пациенти.

Иако овој израз не е признат од страна на науката, се повеќе лекари бараат оваа дијагноза формално да се постави.