Мухамед Зеќири пристигна во судот со адвокат

Сподели

 

Откако беше издадена наредба за приведување од страна на Кривичниот суд, Генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири денеска сам се појави во судот во придружба на неговиот адвокат.

Според обвинението Зекири во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на службената положба, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

Со преземените дејствија, осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија, износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги.

Тој не одговори на прашањето на новинарите дали планира да бега ниту пак зошто го склучил договорот.