Врачени решенија на 26 наставници во Општина Чаир

Сподели

 

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска им ги додели одлуките за решенија на 26 наставници од 8 училишта во Општина Чаир – „Хасан Приштина“, „Лирија“, „Јашар Беј Шкупи“, „Васил Главинов“,„7 Март“, „Имри Елези“ и „Исмаил Ќемали“, но и училиштето за возрасни „Макаренко“.

Ганиу при тоа истакна дека како градоначалник и институцијата што тој ја води – Општина Чаир, секогаш биле и ќе бидат на страната на потребите на наставниците, родителите и учениците.

 

 

-Во меѓувреме, зајакнувањето на кадровскиот капацитет е важна мисија и тоа несомнено придонесува за напредок на квалитетен и иновативен образовен процес. Кога имаме наставници кои го следат современиот тренд на реформи во образованието, нашите деца се во чекор со времето, нашата иднина е посигурна и секако посветла, изјави градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.