Виктор Пешчеров е дипломиран музичар на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек класична гитара.
Сега живее во Норвешка и е вработен како професор по класична гитара, и во меѓувреме држи приватни часови гитара и настапува по локали – вокал и гитара по д уметничкото име Victor de Rut.
Виктор започнува со нов проект во кој со свои аранжмани на македонски песни за соло гитара, свири во Норвешка каде има позитивна реакција кај публиката.
Виктор свири и со колега од средното музичко од Штип, Дејан Лазаревски, а дуото се вика Balkan Guitar Duo.