Денеска во Кристалната сала во Собранието, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ ќе ја додели наградата „Гоце Делчев“ за 2022 година, за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија во областа на науката.
Добитник на државната награда „Гоце Делчев“ за 2022 година е проф. д-р Мишо Докмановиќ за делото „Сами на своето – кратка историја на македонската независност (1990 – 1993)“.