Во рамки на оваа иницијатива за регионална соработка каде покрај Република Северна Македонија членуваат и: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Елинска Република, Молдавија, Романија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Косово, приоритети на грчкото претседавање со оваа иницијатива се: – Унапредување на безбедносната соработка; Размена на најдобри практики за функционални демократски институции, владеење на правото и човековите права, особено во контекст на европската перспектива на регионот на ЈИЕ; Поврзување и одржлив развој; Соработка на полето на инвестиции, конкурентност и мобилност; Решавање на грижите за животната средина, промоција на одржлив, правичен и зелен раст; Осврт на пандемијата COVID-19 и нејзините социоекономски реперкусии.
Министерот Спасовски се осврна и на фактот дека како и останатите држави така и Република Северна Македонија не е во целост имуна на влијанието на војната во Украина, но,рече дека во овој момент ефектите се главно индиректни и не може да се споредат со оние во некои земји членки на ЕУ како гранични држави и во моментов, состојбата ja следиме преку размена на оперативни и стратешки информации најчесто преку каналот на ЕВРОПОЛ. ,,Како рефлексија на војната во Украина зголемени се ризиците во области за кои постои потреба од засилена соработка и тоа во борбата против трговија со луѓе, каде најранлива категорија се жените и децата, зголемено делување на разни радикални и екстремистички групи би можеле да ја радикализираат состојбата или да создаваат тензии преку повици на насилни протести и демонстрации, закани и напади врз одредени лица (домашни и странски државјани и претставници) или други етнички групи, перење на пари преку пренос на пари во готовина, отворање на нерезидентни сметки и криптовалути и закани од криминални групи со висок ризик. Пристапот кој го промовираме со нашето присуство овде – да разговараме на транспарентен начи и за најсложените безбедносни прашања – несомнено, заслужува поздрав и поддршка и претставува битна одлика на современите демократски општества. Дозволете ми да изразам длабоко уверување дека овој состанок на министри за внатрешни работи ќе создаде можности за нови перспективи и форми на заедничка соработка со единствена цел зајакнување на безбедноста не само во регионот на ЈИЕ, туку и низ цела Европа“- рече во обраќањето министерот Спасовски.