Во Домот на култура “Илинден” се одржа поетскиот митинг “Стихови за душата”

Сподели

 

Во Домот на култура „Илинден“ се одржа Поетскиот митинг „Стихови за душата“ со кој, како централен настан, беа заокружени Деновите на културата во општина Илинден.

 

 

Со стиховите за душа, испреплетени со звуците на гитарата, за незаборавна поетска вечер се погрижија Кристина Николовска, Љерка Тот Наумова, Раде Силјан, Ели Маказлиева, Паскал Гилевски, Ленче Милошевска, Ефтим Клетников, Христо Петревски, Анита Бошкова, Ивана Боцевска и Филип Клетников.

Вечерта ја отвори покровителот на манифестацијата, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој, поздравувајќи ги присутните истакна дека голема е честа да се биде дел од ваков настан во областа на културата, посебно да се биде домаќин и во друштво на толку еминентни автори од нашата земја.

 

 

– Сакам да ја искористам можноста и да искажам голема благодарност до Друштвото на писателите на Македонија без чија поддршка оваа манифестација ни оддалеку немаше да биде она што е денес. Затоа, Ви благодарам што ни ја овозможивте оваа привилегија со вашето присуство да ги збогатите Деновите на културата во општина Илинден, истакна градоначалникот Георгиевски во своето обраќање.

На сите учесници на манифестацијата градоначалникот Александар Георгиевски им додели посебни признанија за особен придонес во афирмацијата на културата и културниот развој на општина Илинден.

   

 

     

Деновите на културата во општина Илинден беа затворени со извонредниот настап на Пламенка Трајковска – гудачко трио, кои беа наградени со бурни аплаузи од присутните во полната сала на Домот на култура „Илинден“.