„Арторкестра“ од Букурешт – ОХРИДСКО ЛЕТО

Сподели

5689630215_32982d0a1c_z

Вечерва на програмата на „Охридско лето“ е театарската претстава „Арторкестра“ на Националниот театар „И.Л. Карагиале“ од Букурешт, во режија на Хорија Суру.

Најавена е како хумористичната приказна, во која тројцата ликови се борат за непредвидливата патека која води кон сцената.

Претставата е во рамките на „Младо театарско Охридско лето“, а ќе се одигра во предворјето на црквата „Св. Софија“, со почеток во 21 часот.

Покрај свеченото отворање на 12 јули, со мецосопранот од Латвија, Елена Гаранча, и со рускиот виолинист Максим Венгеров, другите приредби поминаа незабележани и без особен интерес.

Самото свечено затворање, на 20 август, насловено „На светов убавина“, е замислено како колаж од избор на песни од театарски претстави во периодот од 2003 до 2013 година.