Интервју на претседателот Пендаровски за „Утрински брифинг“

Сподели

 

Во интервју за „Утрински брифинг“, претседателот Стево Пендаровски ги коментираше актуелните политички односи меѓу власта и опозицијата, состојбите и блокадите во Уставниот суд, внатреполитичката стабилност и дали предвремени избори би биле евентуално решението.

Во интервјуто претседателот го искажа својот став за случувањата во Украина, можностите за решение и прекин на руската агресија.

Воедно, говореше за последиците врз Северна Македонија и европските перспективи на земјава низ призма на македонско-бугарските односи.

Теми на разговор во интервјуто беа иницијативата Отворен Балкан, како и признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква од страна на Српската православна црква, како дел од македонско-српските односи.