МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд проследен со појава на грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. УВ=7
Температурата ќе се движи од 12 до 33 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо време, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина наврнат воден талог), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.