Владата ќе ја одржи редовната 52. седница

Сподели

 

Владата денеска ќе ја одржи редовната 52-ра седница, на која ќе се разгледуваат повеќе точки, меѓу кои Информација за пристапување на Република Северна Македонија на Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето во областа на трудот, на предлог на Министерството за труд и социјална политика.

На денешната седница ќе се разгледува и Информацијата за усвојување Национална стратегија за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската Унија во Република Северна Македонија 2022-2025 година и Акциски план за спроведување 2022-2023.

Меѓу другото, пред министрите ќе се најде и Информација за Акцелераторот за одбранбени иновации за НАТО (Defence Innovation Accelerator for the North Atlantic – DIANA), изготвена од Министерството за надворешни работи, соопшти прес-службата на Владата.