Преку спроведување на АП за заеднички регионален пазар до поголем економски просперитет на ЦЕФТА земјите

Сподели

 

„Трговскиот столб на Акцискиот план има за цел олеснување на слободното движење на стоки, услуги,капитал и луѓето да овозможи економски просперитет на сите граѓани на ЦЕФТА страните. Истовремено, сите активности во рамки на овој столб, но и комплементарно со другите делови на Акцискиот план, ќе овозможат полесно интегрирање на ЦЕФТА земјите во рамки на нивниот пристапен процес кон ЕУ.

Заедничкиот регионален пазар и Акцискиот план преку годишните програми на ЦЕФТА има за цел поддршка кон отстранувањето на неоправданите гео блокирачки мерки, со идентификација на овие бариери и препораки за нивното отстранување преку европското законодавство, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на настанот по повод имплементација на проектот „EU4Business: Поддршка на регионалната економска интеграција“, кој ќе се имплементира од страна на Европската унија и Германското Федерално Министерство за економска соработка и развој.

Како што потенцираше министерот Бектеши во своето обраќање важен придонес последнава година е остварен преку интензивирањето на активностите за унапредувањето на електронската трговија Со оваа активност во значајна мерка навлеговме во имплементацијата на Дополнителниот протокол 6 за трговијата со услугите. 

„Консолидираниот пазар на ЦЕФТА претставува можност за експанзија на бизнисите кои ги нудат своите услуги електронски. Иако поеднинечно мали пазари, членките на ЦЕФТА претставуваат заедно интегриран пазар од околу 20 милиони потрошувачи со проценет приход од околу 1 милијарда евра кои би им овозможиле на локалните бизниси да ја прошират својата работа инвестирајќи во нови технологии и процеси, кадар, маркетинг и друго. Но од друга страна има многу бариери кои попречуваат ЦЕФТА пазарот да се смета за еден интегриран пазар. Тоа се недостатокот на стандардите, различната регулатива, високите трошоци при испораката, недоволното дигитално знаење како предуслов за е -трговијата и друго, кажа Бектеши и додаде дека како резултат на тоа некои компании продолжуваат да се ограничуваат само на локалните пазари, додека останатите кои се трудат да ги надминат овие проблеми, имаат за цел експанзија на поголеми пазари и зголемување на бројот на потрошувачи , чиј значаен двигател е електронската трговија
 Министерот Бектеши потенцираше дека со овој проект и праксата која ќе следи очекува дека ќе доведе кон елиминирање на четирите гео блокирачки фази во електронстата трговија и тоа пристапот, регистрацијата, испораката и плаќањата, односно ќе овозможи подетални согледувања за овие мерки кои го успоруваат процесот на развивање на е трговијата кај нас и во рамки на ЦЕФТА . 
 Истовремено, нивното согледување ќе ни овозможи реализација на начините за отстранување на овие бариери. Верувам дека ценетите учесници на овој настан со нивното искуство во оваа област, ќе ни ги пренесат најновите состојби и предлози за унапредување на поцесите во рамки на е-трговијата. 

„За време на нашето претседавање со ЦЕФТА во 2021 година, како приоритет на нашиот годишен програм беше и регионалната соработка во инфраструктурата на квалитетот, односно заштитата на потрошувачите и соработката помеѓу националните авторитети за надзор над пазарот. Имено започнавме со активностите околу зајакнување на соработката за квалитет на инфранструктурата потребна за слободното движење на стоките , вклучувајки го надзорот над пазарот помеѓу ЦЕФТА страните, се со цел да се зајакне трговијата со индустриските стоки во рамки на ЦЕФТА и да се заштити задравјето и сигурноста на потрошувачите. Во оваа прилика би сакал да ја потенцирам важноста на проширувањето на Проектот за Системот за електронска размена на податоци или SEED +, кој работи со унифициран и хармонизиран пристап на податоци на царинските, ветеринарни, фито и други институциии при размената на стоки, со активности поврзани со инфраструктурата на квалитетот, главно во надзорот над пазарите односно утврдување на квалитетот на стоките што доаѓаат до крајните потрошувачи”, кажа министерот Бектеши.

Бектеши на крај им се заблагодари на ГИЗ како партнер во овој проект, на Европската комисија и сите други донатори во проектите што ја зголемуваат регионалната соработка во рамки на ЦЕФТА и придонесуваат за навремена реализација на Акцискиот план на Заедничкиот регионален пазар.