СТАВ: Д-р ДОНКА БАРЏИЕВА ТРАЈКОВСКА

Сподели

Соопштение за јавноста

Во врска со поднесените кривични пријави против триесетина учесници во т.н “Шарена револуција” кои со боја ги “ишараа” некои од објектите кои поседуваат статус на културно наследство (ex lege), меѓу кои е и Порта Македонија, Центарот за културно наследство, детално ја провери целата управна постапка, законската регулатива и актуелната ситуација во надлежните институции и го констатира следното:

donka
Објектот Порта Македонија е регистриран како недвижно културно наследство(Уп.бр.18-451 од 5.08.2013) како втор објект (КП13825/6) во состав на НУ Национален музеј на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунизмот.Како втор објект неговиот статус иако стекнат ex lege не произведува никакво правно дејствие сам по себе туку како составен дел на првиот објект. Токму затоа нашето внимание го посветивме на првиот објект и основаноста на постапката за стекнување статус ex lege. Кога станува збор за Национална установа /музеј при неговото формирање и функционирање важат одредбите од Законот за култура,Законот за музеите и Законот за заштита на културно наследство. Во однос на музејската дејност која оваа Национална установа ја остварува важат одредбите од Законот за музеи, особено членот 20, ставовите (1),(2) и (5). Во ставот (1) стои дека ,,Музеите се должни да водат музејска евиденција и документација”;(2) “Музејската евиденција содржи влезна книга,книга на инвентар,излезна книга,книга на изложби, картотеки на на музејски предмети,каталог на музејски предмети,електронска база на податоци и друг вид на евиденција” (5)”Стручната обработка на музејскиот материјал се врши во рок од една година од денот на неговото запишување во влезната книга до денот на неговото евидентирање во инвентарната книга”.
Во интерес на јавноста ја пренесуваме и содржината на член 2 од Законот за музеите (Сл.весник на РМ?04 од 1.10.2004) кој гласи: (1) “Музејски материјал се археолошки, етнолошки, историски, уметнички и технички предмети, како и палеонтолошки, геолошки, зоолошки и ботанички примероци што се прибавени од страна на музејот, заради нивно истражување, средување, стручно и научно обработување, проучување и презентирање, до нивното евидентирање во инвентарната книга на музејот.”
(2) Музејски предмет е музејскиот материјал од ставот (1) на овој член, кој поради своите вредности, својства, содржини или функции има културно,научно, историско и природно значење и е евидентиран во инвентарната книга на музејот, заради што неговото користење и заштита се наоѓаат под правен режим согласно со закон.
(3) Музејскиот материјал и музејските предмети на музејот го сочинуваат
музејскиот фонд на музејот.
Законодавецот предвидел и казнени одредби /прекршочни пријави за правно лице кое не ги почитува одредбите од член 20.Имено во став (1) алинеа втора од член 45-а стои дека “Глоба во износ од 1000 до 1500 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице ако не води влезна книга,книга на инвентар, излезна книга и други видови на евиденција”.(Закон за изменување и дополнување на Законот за музеите, Сл.весник на РМ, бр.116 од 1.09.2010)
НУ Национален музеј на македонската борба за државност и самостојност -“Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунизмот”- Скопје е изграден во периодот 2008-2011година.Свечено е отворен на 8.09.2011година, кога поставката е изложена пред јавноста. Не навлегувајќи во содржината на поставката во оваа фаза она што за нас е битно доследното почитување на законската регулатива во однос на став (2) од член 2 на Законот за музеи за да утврдиме од 8.09.2011 до 3.07.2013 гогина, кога НУ Конзерваторски центар Скопје до Управата за заштита на културно наследство поднесува пријава за регистрација на недвижно културно наследство ex lege (бр.07-423/4), повикувајќи се на член 37 став 1 од Законот за заштита на културно наследство! Односно дали во моментот на отворањето на овој музеј изложените “експонати” имале карактер на музејски материјал и ли на музејски предмети впишани во инвентарната книга. Центарот располага со информации дека во овој музеј постои само влезна книга на музејски материјал во електронска форма(!), дека не постои,односно не се води инвентарна книга и дека во моментов се изработува Елаборат за валоризација на движниот материјал. Не случајно го употребуваме терминот музејски материјал, затоа што тој добива карактер на музејски предмет дури откако ке биде евидентиран во инвентарната книга или како што прецизно стои во Член 2: “Музејски предмет е музејскиот материјал од ставот (1) на овој член, кој поради своите вредности, својства, содржини или функции има културно,научно, историско и природно значење и е евидентиран во инвентарната книга на музејот, заради што неговото користење и заштита се наоѓаат под правен режим согласно со закон”.Инвентарна книга се уште не се води и денес цели пет години од основањето и три години од т.н. заштита ex lege, со што е направена повреда на член 45-а, алинеа втора од став 1, за што е предвидена прекршочна казна за правно лице( глоба од 1000 до 1500 евра во денарска против вредност). Во оваа смисла е тешко изводлива и скоро невозможна постапката за изработка на Елаборат за валоризација кој треба да обезбеди правен статус на предметите и нивна заштита бидејќи во членот 12 став 2, од Законот за заштита на културно наследство на кој се повикала НУ- Конзерваторски центар Скопје, стои: (2) “Споменици се сметаат и зградите чија главна и ефективна намена е чување или изложување на движно културно наследство, како и посебните скривници определени за сместување на движното културно наследство во случај на вооружен судир”. Тоа значи дека во времето кога НУ Конзерваторски центар,Скопје поднел пријава за регистрација на културно наследство ex lege, не биле исполнети законските услови за регистрација, затоа што таму немало и се уште нема движно културно наследство ! Бидејќи во НУ Национален музеј на македонската борба за државност и самостојност – “Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунизмот”- Скопје како прв објект не постојат музејски предмети со статус на движно културно наследство кое го “чува” и изложува, неговиот статус ex lege, не може да биде пренесен на вториот објект Порта Македонија!
Донесениот акт за регистрација на недвижно културно наследство ex lege за првиот и вториот објект, од страна на Управата за заштита нема правна сила затоа што е спротивен на одредбите од Законот за заштита на културно наследство и Законот за музеите. Последиците од ваквиот начин на работа кој треба да биде санкциониран од надлежните институции, најмногу ги чувствуваат граѓаните особено оние против кои се покренати неосновани прекршочни пријави за “уништување/оштетување на културно наследство”.Треба да се постапи токму обратно! Кривична пријава треба да биде покрената против директорот на управата Виктор Лилчиќ ( чиј потпис стои на актот за регистрација) кој овозможил одреден објект нелегално да добие статус на културно наследство и последователно да предизвика редица негативни последици! Оштетените граѓани за кои се води постапка исто така треба да поднесат кривична пријава против директорот Виктор Лилчиќ и министерката за култура, за нанесена душевна болка и нарушување на нивниот углед.

д-р Донка Барџиева Трајковска