По повод „Денот на таткото”, кој трговскиот центар Ист Гејт Мол го означи со активности во текот на цела недела, во исклучителниот простор на молот се одржа пригодна модна ревија посветена на енергичните, смели, урбани и модно освестени мажи.
Во посебна атмосфера, со специјални гости, со црвени коктели на црвениот ќилим, продефилираа модели стокмени во аутфити изготвени од добро познатите брендови:Versace Jeans Couture, Karl Lagerfeld, XYZ, Armani Exchange, Dan John, MANGO Man, Reserved, Bozinovski watches&jeweiry, кои ги прикажаа моделите од овосезонските колекции.
Ова беше разновидна понуда која вклучуваше од „Шик енд шиз”, спортски, опуштено, кежуал изглед, елегантен изглед, елегантно впечатлив до естравагантно привлечен стил.
Особено интересно и невообичаено, она кое привлече посебно внимание и остави особен впечаток беше кастингот на манекените кои ја рашетуваа пистата.
Фотогалерија
Манекени од сите возрасти и типови беа соодветно избрани за секој посебен аутфит со свесно алудирање на приказната дека и во навидум едноличната понуда на машка облека сепак секој маж може да си го пронајде својот начин да изгледа свој и посебен. Од најмладите манекени со своите првични искуства до доајените на македонскиот моделинг, добро запаметените ликови на Кокинос Коленцев, Алек Наумовски, Трајче Воинов и Андреј Клинчаров овој уникатен пристап беше за прв пат прикажан концет на модна презентација кај нас а веќе широко присутна на глобалната модна сцена.
Овој настан како едноставно шик остварување, беше во целосна режија и организација на доајенот на македнската мода и модна новинарка Снежана Богдановска Сани и нејзиниот тим предводен од Анастасија Богдановска Стејси, подржани од модната агенција Моделс ИН и тимот на Ист Гејт Мол.