Ковачевски: Не прифаќаме ништо без чиста формулација за македонскиот јазик и заштита на идентитетот

Сподели

 

Во врска со јавната дискусија околу францускиот предлог, би сакал уште еднаш да потврдам дека Владата на Република Северна Македонија формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки, изјави премиерот Ковачевски.
 
Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, посочувам дека, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се следниве елементи:
 
– Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет;
 
– Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка;
 
– Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот;
 
Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија;
 
Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија.